Скопје 18. јуни 2018. / 16:24

Актерката Арна Шијак во болница: Шок бомба ми експлодира меѓу нозете

Актерката Арна Шијак во болница: Шок бомба ми експлодира меѓу нозете

Арна Шијак е повредена на синоќешните протести во Скопје, пред Македонскиот Парламент. Таа вели дека кон демонстрантите биле фрлени голем број на шок бомби и солзавци од страна на полицијата.

Шијак вели дека стоела до клупа во паркот, наспроти Собранието, кога шок бомба паднала меѓу нејзините нозе и сериозно ја повредила. Тврди дека полицијата намерно фрлила шок бомби меѓу луѓето за да се предизвика страв и паника, со цел да ги натера да прекинат со протестите.