Скопје 11. јуни 2019. / 13:47

Акција на општина Центар: Се уриваат дивите тераси на кафулињата

Акција на општина Центар: Се уриваат дивите тераси на кафулињата

Денеска почнаа да се уриваат дивите тераси на кафулињата и на улицата Ленинова. Од Општина Центар велат дека откако утрово почнаа со акцијата за отстранување на нелегалните летни тераси, сопствениците на угостителските објекти почнале сами да уриваат, пренесе СДК.мк.

– Решенија за уривање имаме издадено на 16 кафулиња на територијата на Општина Центар. Сите тие имаа рок сами да ги отстранат градбите со кои се зафаќа јавна површина, а немаат дозвола за тоа. – велат од Општина Центар.

Утрово работници ангажирани од Општината почнаа со уривање на дивата терасата на новото кафуле на Боемска улица, кое се протега со самата улица Орце Николов.

Сите објекти кои ќе се уриваат имаат отстапување од Правилникот за летни тераси. Најчесто имаа одобрение за на пример икс метри летна тераса, а зафаќаат двојно или тројно повеќе, притоа узурпираат јавен простор.