Скопје 19. октомври 2018. / 20:27

Аеродром вечерва остана без струја

Аеродром вечерва остана без струја

Во националниот диспечерски центар во 19:02 часот е регистрирана безнапонска состојба на извод што ја напојува општина Аеродром од трансформаторската станица „Скопје 4“, информираат од АД МЕПСО.

Оттаму посочуваат дека безнапонската состојба траела до 19:20 часот кога Операторот на дистрибутивниот систем од друга страна го обезбедил напојувањето за населба Аеродром.

Екипи на МЕПСО се на терен за утврдување и отстранување на дефектот.