Холивудската актерка Шенон Доерти (46) која се прослави со улогата на Бренда, во серијата ,,Беверли Хилс” , на социјалните мрежи објавила дека лекарите на нејзините последни анализи воочиле зголемени тумор маркери.
,,Анализи и наоди. Едниот тумор маркер е добар, а другиот е зголемен. Тоа само ќе значи дека ќе морам на набљудување и на други анализи. Но, дури и по тоа, останувам позитивна ,, – напишала актерката.
,,Ова ми помага да ги ставам нештата во перспектива и ме потсетува на сето она што го научив додека се борев со ракот. Понекогаш ми треба свеж поглед. Како што веќе реков, ракот го менува животот на незамислив начин… Патем, зголемените маркери можат да видат од многу работи ”. истакнала Шенон која се труди да остане позитивна.
Згрижените обожаватели и коментирале дека таа е борец и дека се покрај неа.
,,Држи ја главата горе. Неверојатна си. Остани храбра и силна, ти праќаме позитива” , и напишале фановите.
Шенон му се врати на вообичаениот живот по борбата со ракот на дојката. Болеста и се прошири и на лимфниот систем, па актерката се подложи на мастектомија (отстранување на дојката), хемотерапија и зрачење откако во 2015 година и беше дијагностицирана болеста. Пред една година заврши со третманите со хемотерапија.
Шенон својата борба со тешката болест ја документираше на социјалните мрежи со цел да помогне и да им ја олесни болката на жените кои боледуваат од истата болест.