Мустафа Сандал ќе издвои голема сума на пари кои ќе ги даде на својата поранешна жена.
Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал официјално се разведени од 6 јуни во Истанбул, после 10 години брак. Како пренесуваат турските медиуми, српската пејачка ќе добие голема сума на пари после разводот од својот поранешен сопруг.
Имено, како наведува турскиот Хабертурк, Мустафа Сандал ќе и остави на Емина две третини од приходот, после продавањето на нивната луксузна куќа во Истанбул. Се шпекулира дека од продавањето на оваа вила ќе заработат најмалку 3 милиони долари.
Освен тоа, Сандал ќе и купи нова куќа во Србија, која ќе чини најмалку 250 илјади долари. Исто така, Емина ќе добива алиментација секој месец од 15 илјади турски лири, или 2 800 евра.
Мустафа Сандал исто така ќе плаќа 5 илјади турски лири, односно 938 евра месечно за двете деца посебно, синовите Јавуз и Јаман. Исто така, финансиски ќе го покрива образованието на своите деца, како и одмор, а за тоа ќе издвои 60 илјади турски лири, односно 11 257 евра на годишно ниво.
Се шпекулира дека Мустафа ќе и купи автомобил на Емина дури од 275 илјади турски лири, односно 51 595 евра.
Ни Емина, ни Мустафа не даваат повеќе информации за овие наводи.