Сцена 21. април 2018. / 13:46

Во солзи по трагедијата: Ова е девојката на славниот Авичи кој почина вчера (ФОТО)

Во солзи по трагедијата: Ова е девојката на славниот Авичи кој почина вчера (ФОТО)

Нејзиното име е Тереза Качерова, доаѓа од Чешка и му била девојка на славниот диџеј Авичи кој почина вчера, на 28-годишна возраст.

Тереза е 25-годишна манекенка. Последните неколку години таа пробала да се пробие како актерка во Холивуд и се појавила во неколку филмови и серии во помали улоги покрај Марк Волберг и Двејн Џонсон.

Нејзиниот Инстаграм профил е преплавен со изјави на сочувство кои пристигнуваат од целиот свет.

Иако се труделе да ја држат својата врска подалеку од јавноста, Авичи и Тереза сепак го привлекле вниманието на медиумите кога упорните обожаватели на Редит откриле дека тие двајца се забавуваат.