Марко Бошњак, момчето кое што со неговиот настап на талент шоу го воодушеви целиот Балкан, денес продолжува да собира комплименти.
Тој пред две години учествуваше на шоуто „Ѕвездичките на Пинк“ каде што го расплака стручното жири, а и сите кои го гледаа.
Марко денес има 13 години, а на јутјуб објави видео како ја пее песната „Да је туга снијег“ од Дино Мерлин, за што повторно доби пофалби, коментари и лајкови од луѓе од цел Балкан.