Сцена 26. јуни 2018. / 21:02

Уапсена познатата актерка: Пијана нападнала полицаец и доктор

Уапсена познатата актерка: Пијана нападнала полицаец и доктор

Уапсена американската актерка  Хедер Локлир (56), некогашната ѕвезда од серијалот Династија, поради напад на полицаец.

Локлир неодамна излезе од притвор и од психијатриска установа, а сега веќе западна во нови проблеми. Поради сомневања за предозираност, повторно е притворена. Неколку часа пред инциденто, полицијата и итната помош биле повикани во куќата на Хедер  која физички ги нападнала и завршила во притвор.

Откако платила кауција од 20 000 долари, била пуштена дома, од каде е однесена на рехабилитација во болница. Хедер веќе подолго време неуспешно се лекува од зависности.

Пред само десет дена Хедер беше притворена, а потоа заврши на психијатриска проценка, откако пијана ги нападнала сопствените родители и се заканувала со самоубиство.