Сцена 28. октомври 2018. / 22:05

Трагедија ја потресе Србија: Позната актерка пронајдена мртва (ФОТО)

Трагедија ја потресе Србија: Позната актерка пронајдена мртва (ФОТО)

Српската актерка Ивана Млаѓовиќ е пронајдена мртва во станот на својот пријател во Крагуевац.

Триесетгодишната актерка која толкуваше епизодна улога во серијата „Село гори, а баба се чешла“ починала поради предозираност со дрога, соопштија српските медиуми.

Српските медиуми пишуваат дека Млаѓовиќ, која е поранешна „Плејбој девојка“, починала поради предозираност со психоактивни супстанции, а ја пронашле пријателите во чиј што стан била.

Покрај неа, во несвест е пронајден и нејзиниот вереник, кој итно е префрлен во болница. Според последните информации, дошол при свест и се опоравува.