Познатиот холивудски актер Том Круз за потребите на новиот филм „Невозможна мисија: Распад на системот”, ја скршил ногата, додека го изведувал хало скокот од авион.
Актерот претходно истакнал дека сите опасни сцени ги снима сам, без двојник.
Освен што ја скршил ногата, актерот за време на снимањето доживеал уште една несреќа поради која бил принуден да мирува неколку денови. Инаку, Круз требало да сними сцена на скок помеѓу две згради со заштитен кабел. Нажалост, актерот не скокнал доволно добро, па ја промашил ивицата на покривот и се удрил во ѕидот од зградата.