Сцена 06. април 2018. / 18:20

Тешка судбина на Андрија Милошевиќ: Заработував малку, главно за бурек

Тешка судбина на Андрија Милошевиќ: Заработував малку, главно за бурек

Андрија Милошевиќ е еден од најпопуларните актери во регионот. За неговиот животен пат малку се знае. Од сиромашно детство, преку продавач на весници до популарен актер во регионот.

Тој за српските медиуми ги откри неговите почетоци.

– Средно училиште завршив во Подгорица. Со неполни 14 години заминав од дома, но кога ќе кажеш замина од Никшиќ во Подгорица не значи многу. Тогаш беше многу потешко, беше голема сиромаштија, не се можело, голем беше издатокот на семејството за да те пратат на школување. Меѓутоа инсистирав да одам – изјави Андрија.

-Година и пол бев во Подгорица во средно музичко училиште на теоретски смер, но свирев и клавир. Прва година бев многу добар, а втора попуштив, почнав да шетам по улици. Тогаш работев како дистрибутер, го продавав тогашниот популарен весник „Подгорички графити“. Тоа го работев со другарите, дури одевме и по станови. Така заработувавме малку, главно за бурек – додаде актерот.