Сцена 16. април 2018. / 20:20

Тејлор Свифт го преработи диско-хитот „September“

Тејлор Свифт го преработи диско-хитот „September“

Тејлор Свифт ја обнови соработката со популарниот сервис за преслушување музика, „Спотифај“, а како круна на сето тоа, 28-годишната пејачка одлучи да сними своја верзија на познатиот диско-хит на „’Рт, уинд енд фајр“ – „September“.

Имено, во 2014 година ѕвездата ја разбранува музичката индустрија кога го повлече целиот свој материјал од онлајн-сервисот, со образложение дека на музичарите не им се нуди фер компензација за употребата на нивните дела. Но, сето тоа се промени. Минатата година Свифт повторно ја стави целата дискографија на располагање, а преработката на „September“ е објавена како дел од серијалот „Спотифај синглови“, во чии рамки познати ѕвезди препејуваат песни од други изведувачи.

Секако дека нејзината верзија на овој популарен хит од 1971 година е во кантри-стил, па како звучи „September“ во изведба на Тејлор Свифт можете да слушнете во продолжение. Уживајте!