Сцена 23. јуни 2018. / 20:55

Тажна вест: Почина тапанарот на Пантера Вини Пол

Тажна вест: Почина тапанарот на Пантера Вини Пол

Основачот на хеви метал бендот Пантера, Вини Пол Ебот, почина вчера вечерта на 54-годишна возраст.

Засега нема информации за причината за смртта на тапанарот на култниот бенд.

Вини Пол го основаше бендот заедно со неговиот брат, Дерел „Дајмбег“ Ебот, кој беше застрелан во 2004 година за време на концерт од страна на душевно пореметен посетител.

Легендите на хеви метал сцената на во САД како Дејв Мастејн, Пол Стенли и групата Антракс денеска се простија од Вини Пол.