Сцена 17. јули 2018. / 11:29

Тажна вест: Почина позната хрватска актерка

Тажна вест: Почина позната хрватска актерка

Познатата хрватска актерка Марија Кон почина вчера наутро по долго боледување, на 84-годишна возраст, објави Хрватското друштво на драмски уметници.

Марија Кон е родена на јадранскиот остров Лопуд во 1934 година. Како една од најнаградуваните хрватски глумици, зад себе има над сто улоги во театарски претстави, 60-на филмови и бројни ТВ драми и серии.

Таа ќе биде кремирана утре во Загреб.