Сцена 26. јуни 2018. / 21:11

Тажна вест: Почина легендата од Хистори Ченел

Тажна вест: Почина легендата од Хистори Ченел

Ричард Харисон, на гледачите познат како “The Old Man” од серијалот “Pawn Stars” кој се емитуваше на Хистори Ченел, почина вчера по долго боледување од Паркинсоновата болест.

Веста ја потврди неговиот син Рик, на социјалната мрежа Инстаграм.

-Тој беше мојот херој. Низ својот живот ги допре душите на многу луѓе, ги учеше на вредностите на животот и семејството, тешка работа и хумор.- напиша тој.

Ричард Харисон е роден 1941. година во СЕверна Каролина.