Сцена 29. ноември 2018. / 13:52

Тажна вест: Почина Бора од познатата панк-рок група

Тажна вест: Почина Бора од познатата панк-рок група

По кусо и тешко боледување на 56-годишна возраст почина тапанарот на панк-рок групата Партибрајкерс, Игор Боројевиќ – Бора.

Членовите на групата и обожавателите од него се простуват на Фејсбук.

– Нѐ напушти прекрасен човек, другар и колега, најдобриот тон-мајстор и продуцент, Игор Боројевиќ. Долги години беше шести член на групата. Удираше тапани на трета плоча. Игоре, никогаш нема да те заборавиме. – се вели во соопштението на бендот.

Освен во „Партибрајкерс“, Бора бил тапанар и во групите „Потоп“ и „Банана“.