Сцена

Тажна вест: Почина актерот од „Синови на анархијата“

Тажна вест: Почина актерот од „Синови на анархијата“

Актерот Пол Џон Васкез, почина од срцев удар, на 49 години.

Телото на актерот кој е познат по улогата во серијата „Синови на анархијата“ е пронајдено завчера вечер во домот на неговиот татко во Сан Хозе, Калифорнија.

Актерот е пронајден без свест, а и покрај обидите на екипата од Итна помош, тој не покажал подобрување, по што беше прогласен за мртов.

Освен во „Синови на анархијата“, Васкез глумеше и во „Како ја запознав мајка ви“, „Итна помош“, „Истрага на местото на злосторството: Њујорк“ и други познати серии и филмови.

Васкез е вториот глумец од оваа серија за само три месеци. Неговиот колега Алан О’Нил почина од труење со алкохол во јули.