Сцена 23. јули 2018. / 11:08

Тажна вест: Почина актерката од хит серијата „Третиот камен од Сонцето“

Тажна вест: Почина актерката од хит серијата „Третиот камен од Сонцето“

Актерката Елмари Вендел, најпозната по улогата на ексцентричната г-ѓа Дубчек во хит хумористичната серија „Третиот камен од Сонцето“, почина викендов на 78-годишна возраст.

Веста за нејзината смрт на Инстаграм ја објави нејзината ќерка, глумицата Џеј Си Вендел.

Елмари Вендел својата кариера ја започна на њујоршката театарска сцена, на Бродвеј, но и други театри, пред да се пресели во Лос Анџелес и успешно да продолжи како телевизиска и филмска глумица.

Последни нејзини проекти беа цртаниот филм „Лоракс“ од 2012 година и ТВ серијата „Поранешни“.