Сцена 20. јуни 2018. / 22:42

Таткото не сакал да слушне за неа: Ќерката на славната пејачка стана маж

Таткото не сакал да слушне за неа: Ќерката на славната пејачка стана маж

Ќерката на пејачката Шаде Аду стана маж. Од почетокот на кариерата Шаде остана верна на себе и не се експонираше премногу во медиумите, пееше и со својата специфична боја на гласот ги воодушевуваше милиони луѓе ширум светот.

Денес на 59 години е горда мајка на едно дете, а од 2007 година стапи во врска со Џејн Ватс и стана маќеа на неговиот син Џек.

Од врската со музичкиот продуцент од Јамајка, Боб Морган, Шаде во 1996 година роди девојче по име Микалија. После раскинувањето со Морган, тој не сакал да има ништо со својата ќерка, па потоа новиот партнер на пејачката ја презеде улогата на татко.

 

Микалија Ила Аду пред две години на социјалните мрежи сподели фотографии од својата транзиција од жена во маж. Тој денес се вика Ајзак и на Инстаграм објавува “селфи” фотографии, фотографии со неговата девојка како и со домашните миленичиња. Повремено тука се наоѓаат и некои фотографии со неговата позната мајка која ја нарекува “апсолутна кралица”.

 

Шаде никогаш не ја искоментирала трансформацијата на својата ќерка, но според фотографиите претпоставуваме дека ѝ била голема поддршка.

 

Dunno??‍♀️ #transgender #transman #tpoc #blackandwhite #lewl #yaaaaaaaas

A post shared by Izaak Theo (@caracalonbenzos) on