Сцена 08. јуни 2018. / 11:15

Старлетата Сораја се огласи за британскиот весник „The Sun“ и проговори за врската со Нејмар…

Старлетата Сораја се огласи за британскиот весник „The Sun“ и проговори за врската со Нејмар…

Познатата старлета Сораја Вучелиќ овие денови предизвика планина од реакции откако во медиумите се појавија информации дека на старлетата и е забранет влез во Србија и била депортирана во Црна Гора, а веднаш потоа таа исчезнала и и се губи секој траг.

Но, во меѓувреме Сораја се појави во британскиот весник „The Sun“ поврзувајќи ја со фудбалерот Нејмар.

Имено весникот пишува за наводна врска на старлетата и Бразилецот, а во пресрет на СП во Русија, таа во интервју зборуваше во пресрет на мечот помеѓу Србија и Бразил во групната фаза.

-Моето срце ќе биде на терен. На која страна ќе видиме, патриотизам на едната страна и другата работа на другата страна. Им посакувам среќа на двете репрезентации, вели Сораја за „The Sun“.

Таа на прашањето дали ќе отпатува за Русија вели дека таа е повикана, но размислува дали да оди за Русија.