Сцена 10. мај 2018. / 17:16

Сопругот на Ана Бебиќ откри детали за породувањето

Сопругот на Ана Бебиќ откри детали за породувањето

Пејачката Ана Бебиќ, вчера се породи и на свет донесе син, а нејзиниот сопруг Иван, откри детали за породувањето.

Ана се до породувањето не сакала во јавноста да го открие полот на бебето. Таа, ноќта помеѓу вторникот и средата се породи во Белград, а гордиот татко, до сабајле го славел раѓањето на синот.

Иван Ѓолиќ на социјалните мрежи потврди дека мајката и бебето се добри, и откри дека сеуште немаат избрано име за бебето.

-Дојде малото срце утринава во 03:42! Ана Бебиќ и бебето (сеуште нема име) се добри, напиша тој.