Сцена 24. мај 2018. / 11:07

Сопругата на принцот Чарлс ги менувала мажите како чорапи

Сопругата на принцот Чарлс ги менувала мажите како чорапи

Камила Паркер Боулс, денеска угледна кралска дама, зад себе има бурно минато.

Како што наведува Имоџин Тејлор во својата книга, Камила ги менувала мажите како чорапи, што ја чинело и отказ од работа.

-Камила била отпуштена од отмена работа каде работела за дизајнери на ентериер, бидејќи расклашено се забавувала во шеесетитите години. Постојано менувала мажи- вели авторката на книгата.

Принцот Чарлс, со кој Камила е во брак од 2005 година, во целост не ја знаел нејзината биографија.

-Камила била вистинско „парти животно“. Живееела за мажи, скапи вечери, јавање, пари и забави-тврди Имоџен.

Таа додава дека војвтоката била свесна дека не е убавица, но се надокнадува со други свои особини и таленти.