Францускиот претседател Мануел Макрон со неговата сопруга, првата дама на Франија Бриџит Макрон, пристигна во САД на неговата официјална посета на која со американскиот колега Доналд Трамп ќе мора да најдат решение за нуклеарниот договор со Иран, проблемите во Сирија, предизвиците на Блискиот исток, економската соработка со ЕУ и многу други важни прашања.
Сепак, засега за почеток повеќе внимание привлекува Бриџит Макрон со својата грациозност која веднаш им падна во око на американските медиуми кои не може да сопрат да пишуваат за нејзиниот стајлинг и однос кон државните обврски.