Сцена 02. јули 2018. / 17:05

Славниот пар стави крај на љубовта

Славниот пар стави крај на љубовта

Познатите пејачи Шерил Кол и Лијам Пејн раскинаа.

Славниот пар на социјалните мрежи соопштил дека веќе не е заедно, но не ја открил причината.

-Тажни сме што мора да ја објавиме тешката одлука која ја донесовме – одлучивме секој да тргне по свој пати. И понатаму неизмерно се сакаме, бидејќи сме семејство. Нашиот син Бер е центар на нашиот свет, затоа ве молиме да ја почитувате нашата приватност за што побезболно да поминеме низ ова – напиша британската пејачка.

Шерил Кол и некогашната ѕвезда на групата One direction, беа заедно две и пол години и стнаа родители на момчето Бер.