Сцена 19. април 2018. / 12:06

Славната Кардашијанка доживеала нервен слом по породувањето

Славната Кардашијанка доживеала нервен слом по породувањето

Иако сѐ уште живее со Тристан, планира да го напушти во прва прилика.

Клои Кардашијан поминува низ тежок период

Неколку дена откако го родила своето прво дете, ќерката Тру, по неверството на дечко ѝ и таткото на детето, НБА ѕвездата Тристан Томпсон, Клои наводно доживеала нервен слом.

Нејзините сестри Ким, Кортни и Кендал, кои деновиве се забавувале на фестивалот Коачела, вчера со приватен авион долетало во Кливленд каде што Клои моментално живее со Тристан за да ѝ дадат поддршка во тешките моменти.