Манекенката од Нигерија, Чика Лан, неодамна ја промовираше својата нова фризура под името “Медуза” која вреди вртоглави 40 милиони нигериска наира или 120.000 долари поради што има и полициско обезбедување покрај неа.
За порталот “Information.ng” изјавила дека сега се чувствува повеќе безбедно и посигурно.
– Кога зборував за вредноста на мојата глава, започнаа да ми се закануваат и сфатив дека не е паметно сама да шетам со толку скапа фризура – рекла манекенката која во замена на оваа фризура ја изгубила слободата.
– Сакам да бидам уникатна и ќе ги дадам сите пари, подготвена сум на различни непријатности само за да се издвојам од останатите – рекла Чика, која очигледно успеала во тоа.