„Преубава си. Ми недостига серијата само поради тебе и твојата насмевка“ коментирале фановите на фотографија која ја постави Медисон Де Ла Гарсе која наполни 16 години, а сите се сеќаваме на неа како на малата буцка од серијата „Очајни домаќинки“.
Медисон од 2008 до 2012 глумеше ќерка на Габи Солис во најпознатата серија „Очајни домаќинки“, а после тоа се појави во неколку и улоги во серии.
Малата буцка сега порасна и се повеќе личи на својата сестра Деми Ловато.
Медисон вели дека сестра и е посебна за неа и дека ја штити и советува, баш како што доликува на постара сестра.