Сцена

Скандал: Пред венчавката таткото на Меган Маркл направи голема глупост

Скандал: Пред венчавката таткото на Меган Маркл направи голема глупост

Странските медиуми објавија папарацо фотографии од Томас Маркл, таткото на идната снаа во британското кралско семејство.Тој е фотографиран на проба кај кројач како и во кафуле додека на интернет ги пребарува најновите вести за венчавката на својата ќерка со принцот Хари.

Кралското семејство се налути кога фотографиите се појавија во јавноста и ги замоли медиумите да ја почитуваат приватноста на семејството на Меган.
Но овие фотографии не случајно се нашле на интернет. Според Daily Mail, на Томас му се платени околу 100 000 фунти за да ја направи оваа монтирана папарацо фотосесија.

Идната принцеза со сигурност не е воодушевена што нејзиниот проблематичен татко заработува на сметка на нејзиниот углед и тоа неколку дена пред големата венчавка.
За овој последен инцидент, кралското семејство сеуште не се изјаснило во медиумите, додека Томас Маркл изјавил дека ќе и се извини на својата ќерка за непријатностите кои и ги предизвикал.