Славниот актер Кевин Спејси е под истрага од страна на Скотланд Јард, откако уште три жртви пријавиле дека сексуално ги злоупотребувал.
Полицијата во Лондон потврдила во средата дека покренала истрага врз основа на три пријави, што вкупниот број на „жртви“ на актерот достигна до шест.
Инаку, во февруари започнале да се јавуваат актери и вработени во театарот „Олд Вик“, каде Спејси бил уметнички директор 11 години. Тројца мажи навеле дека Спејси ги злоупотребил.