Сцена 26. септември 2018. / 20:05

Сите погледи кон неа: Моника Белучи на 53 години зачекори на писта (ФОТО)

Сите погледи кон неа: Моника Белучи на 53 години зачекори на писта (ФОТО)

Моника Белучи сеуште важи за една од најубавите жени на светот.

Иако има 53 години и не почитува пластична хирургија, италијанската актерка изгледа како божица и со секое појавување во јавност го одзема здивот.

Модниот двоец „Долче и Габана“ ја ангажираше повторно за своја колекција, овој пат на ревија во Милано, а нејзините фотографии ги преплавија светските медиуми.

Моника на ревијата се појави во долг црн фустан со точки кој ги нагласи нејзините облини,но сепак брчките на лицето ги издадоа нејзините години.