Сцена

Сите мислеле дека ќе става силикони: Сека Алексиќ откри од што се оперирала

Сите мислеле дека ќе става силикони: Сека Алексиќ откри од што се оперирала

Српските медиуми наголемо пишуваа дека Сека Алексиќ ќе вградува силикони во градите, но пејачката оперирала циста на дојката.

Српската пејачка Сека Алексиќ неодамна е фотографирана пред една болница во Белград како со сопругот ја напушта истата, без шминка и по хируршки зафат.

Додека се туширала пејачката почувствувала топче на градата, по што итно отишла на преглед и било утврдено дека станува збор за тумор.

Сека се одлучила веднаш да се оперира за да спречи евентуално понатамошни компликации, по што брзо била пуштена дома.

-Да, точно е дека оперирав циста на дојката. Тоа беше помала хируршка интервенција. Ви благодарам што се грижите за мене, одлично се чувствувам и подготвена сум за летната турнеја, изјавила Сека за „Скандал“.