Сцена

Северина се огласи: Милан до годината не сакаше да го види синот

Северина се огласи: Милан до годината не сакаше да го види синот

Хрватската пејачка Северина Којиќ, во емисија на хрватската телевизија RTL зборуваше за борбата околу старателството над синот Алексндар.

„Мислам дека не е време за молчење, како и секоја мајка која се бори за старателство за своето дете, велам дека институциите не си ја вршеа својата работа. Јас постојано се водев по тоа дека молчењето е злато, за да го заштитам своето дете, но сега знам дека морам да зборувам за да го заштитам синот“, вели Северина, на прашањето зошто се одлучила јавно да зборува околу спорот со поранешниот сопруг, Милан Поповиќ.

Кога одлучив засекогаш да одам од таа врска, а потоа ми објаснија дека сум била изложена на психичко малтретирање, тогаш тој ми се закануваше дека ќе ми го загрози животот. Дека ќе зборува во медиумите за мене. Мислев дека е само лут, но ми кажа дека ќе ми го земе детето, раскажува Северина, додавејќи дека Поповиќ, до третата година на Александар, не го видел синот 18 месеци.

На суд кажа, Поповиќ изјавил: „Mислев дека во првата година од животот на синот не му е потребен маж“.

„Да се зборува за заедничко родителство, а да не се учествува во него, се два пара на ракавици“, изјави Северина.

Таа вели дека била „досадна мајка“ и му праќала пораки на Поповиќ бидејќи тој ги пропуштил „првиот заб и првите чекори“ на синот.