Сцена 15. април 2018. / 13:13

Северина не му одолеа на Кристијано Роналдо (ГАЛЕРИЈА)

Северина не му одолеа на Кристијано Роналдо (ГАЛЕРИЈА)

Хрватската sвезда Северина е голем фан на Кристијано Роналдо. Таа на својот инстаграм- профил објави фотографија на која е сликана со фудбалската легенда и со сопругот Игор Којиќ. Претходно, Северина се пофали и дека била на стадионот Сантијаго Бернабеу во Мадрид и дека навивала за ,,Реал” во мечот против  ,,Јувентус”.

На натпреварот бил и нејзиниот син. Таа објави неколку слики со синот и сопругот, на кои навиваат во една од ВИП ложите на стадионот.