Балканската музичка sвезда Северина одлучила да купи јахта за која е подгготвена да плати дури 250 000 евра.
Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ решиле да се почестат со скап брод, за летово да си ја исполнат желбата, и да крстосуваат по Јадранското море.
На Игор и Севе им се допаднал моделот ,,cranchi Z35”, кој чини 244 500 евра. Оваа јахта е долга 11,5 метра и може да прими околу 20 луѓе.
-Игор и Северина летово сакаат да се опуштат и да уживаат заедно со нивниот син Александар. Јахтата ќе биде паркирана во Сплит, но со неа ке крстосуваат по целиот Јадран, откри близок извор на популарната двојка за медиумите.
Јахтата ги задоволува сите нивни потреби и во моментов Севе и Игор трагаат по посада за јахтата.
,,Јахтата се гради во бродоградилиштето во Италија, и би требало да биде донесена во Хрватска до крајот на мај. Станува збор за јахта од средна класа што е многу популарно”, истакна истиот извор.