Пејачката Северина Којиќ може да остане без старателството над синот Александар поради новиот скандал, кога во медиумите повторно се објавени нејзини експлицитни фотографии, тврдат белградските адвокати.
Фаталната Хрватица и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ веќе со години водат жестока броба на суд, а нејзините нови фотографии не и одат во прилог.
Северина не се огласи по повод новиот скандал. Некои од настапите ги откажала и сеуште не го објавила новиот албум, иако го најавуваше за септември.
Медиумите наведуваат дека е во депресија и дека стравува за своето дете.