Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се венчаа на 21. јуни, а на гламурозната прослава, за која е потрошено околу 400.000 евра, присуствувале околу 900 гости.
Филип и Прија се забавувале две години, кога Живојиновиќ одлучил да ја запроси пејачката. Тој тоа го направил додека биле во Америка, каде Александра имала настапи.
Сега Филип за српските медиуми открил како ја запросил.
-Непосредно пред нашиот пат за Америка славевме две години од врската и кога Александра ми даде подарок, и реков дека таа ќе го добие својот во Мајами. И навистина постоеше една работа која таа најмногу ја сака, а не може да се купи кај нас. Меѓутоа, до нашето патување бев цврст во намерата дека сакам таму да ја запросам и единствен проблем претставуваше – како да се организирам да и го купам прстенот. Бевме сами на патувањето, па не беше едноставно да се тргнам. Успеав да порачам прстен, а кога требаше да и го земам и реков да оди на шопинг, а јас дека ќе одам да и купам подарок. Кога бев во златарата, ми рекоа дека прстенот ќе биде готов за два часа, така што морав да се вратам по Александра која ме праша каде е нејзиниот подарок. Некако се извлеков и по два саати ја замолив повторно да оди на шопинг за да го змеам прстенот. Тогаш ја одведов на плажа и ја запросив.- изјавил Филип за медиумите.