Францускиот актер Венсан Касел и манекенката Тина Кунаки се венчаа во францускиот град Бидару, после двегодишна врска.
Педесетиедногодишниот Касел, поранешен сопруг на Моника Белучи, се ожени со својата 30 години помлада избраничка, Тина Кунаки.
Тина и Венсан блескале облечени во бело, а по тој повод, актерот објави фотографија на Инстаграм.
Инаку Касел и Белучи биле заедно од 1993 до 2003 година и имаат две ќерки.