Бијонсе (36) која е позната по перфекционизмот, за овогодинешниот настап на фестивалот Коачела отиде еден чекор понапред. Како што веќе најави, таа премина на веганска исхрана со цел да ја врати витката линија.
Сега објавено е дека со нејзиниот тим на танчери ги вежба кореографиите 11 часа на ден во студиото во Лос Анџелес за целосниот настап да биде повеќе од совршен доколку тоа е можно.
Бијонсе на Коачела требаше да настапи минатата година, но поради бременоста го откажа концертот, па на нејзино место настапи Лејди Гага.
Оваа година покрај Бијонсе, на сцената ќе се појават The Weeknd и Еминем. Коачела е еден од најпознатите музички фестивали на светот, а се одржува во април во Индио, Калифорнија.