Сцена

Саша Поповиќ откри детали за новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Саша Поповиќ откри детали за новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Пред еден месец завршија „Ѕвездите на Гранд“, а во оваа сезона Македонија немаше свој претставник.
Веќе се во тек подготовките на новата сезона која ќе започне во септември.

„Не чека спектакуларна есен, нешто потполно различно и ново во „Ѕвездите на Гранд“. Ги известуваме сите кандидати кои поминале во новата сезона дека ќе бидат известени до 20 август, пишува во соопштението.

И директорот на Гранд, Саша Поповиќ вети многу изненадувања за публиката.

„Точно е, новата сезона започнува на есен и ќе биде потполно различна од претходните. Почнувајќи од амбиентот, правилата, фокусот на натпреварувачите. Деталите не можам да ви ги откријам, но публиката ќе биде задоволна, изјави Поповиќ.