Александра Живојиновиќ, поранешна Пријовиќ, денеска го посетила домот за деца без родители во Сремска Каменица, Србија.
Пејачката по посетата изјавила дека сакала да посвои дете.
-Би можела да посвојам дете, тоа за мене е најпаметен чин. Секогаш сум тука да помогнам на секој кога е тоа потребно, но не сакам за тоа да зборувам јавно. Баш му кажував на Филип дека овие деца се преслатки и како ме гушкаат. Не можам да опишам како се чувствувам, полно ми е срцето.- изјавила Александра за српските медиуми.