Сцена

Ричард Гир ќе застане пред олтар со 34 години помлада девојка

Ричард Гир ќе застане пред олтар со 34 години помлада девојка

Славниот холивудски актер Ричард Гир, кој зад себе има два пропаднати брака, е подготвен на трет.

Тој со својата млада девојка Алехандра Силва ќе се венча за еден месец во Вашингтон.

Актерот ќе се венча со 34 години помладата девојка со која се запознал пред три години, додека бил во брак во втората сопруга.

Светските медиуми тврдат дека свадбата е закажана за 5 мај во Вашингтон, а за веридбата почна да се шушка уште минатата година, кога на раката на Алехандра се појави голем дијамантски прстен.