Сцена 08. мај 2018. / 12:47

Рајан Рејнолдс ја шокира јавноста: Страдам од панични напади и анксиозност

Рајан Рејнолдс ја шокира јавноста: Страдам од панични напади и анксиозност
??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Холивудскиот глумец отворено проговорил за своите внатрешни демони.

Иако Рајан Рејнолдс досега ја покажуваше само својата разиграна и шармантна природа, холивудскиот актер во последното интервју искрено зборувал за своите стравови, напади на анксиозност и паника кои го следат уште од детството.

Рајан признал дека тешко може да се контролира кога е изложен на голем стрес. Откако во 2016 година завршил со снимањето на популарниот филм „Deadpool“ во кој ја играше главната улога, Рајан доживеал нервен слом и панични напади кои се резултат на несоница и други физички манифестации на стрес.

 

„Страдам од анксиозност. Отсекогаш сум го имал тој проблем. Постојано се грижам за нешто што не е воопшто смешно“, признал Рајан во интервјуто и додал дека се извлекол од стравот и анксиозноста благодарение на позитивниот став кон животот, медитација, но и неговата сакана сопруга Блејк Лајвли, како и нивните две ќеркички.

Имено, љубовната приказна на популарниот пар Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се смета за една од најубавите на холивудското ѕвездено небо, а во текот на нивниот 5-годишен брак, тие станаа родители на две девојчиња: 2-годишната Џејмс и 1-годишната Инес.