Сцена 29. мај 2018. / 11:50

Рајан Рејнолдс го разнежи светот: Открил зошто постарата ќерка има машко име

Рајан Рејнолдс го разнежи светот: Открил зошто постарата ќерка има машко име

„Нашата ќерка сега мисли дека нема никаква разлика помеѓу неа и момчињата“

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се во брак веќе шест години и се горди родители на две девојчиња – едногодишната Инес и тригодишната Џејмс.

Додека Инес на многумина им се допаѓа и во превод значи „чистота“, „светост“, никому не му е јасно зошто славниот пар одбрал машко име за постарата ќерка. Рајан конечно објаснил зошто се одлучиле за него.

Имено пред да се ожени со Блејк, Рајан не бил во добри односи со татко му Џејмс. Татко му се разболел од Паркинсонова болест, а пред да почине Рајан успеал да ги подобри односите со него и да се смират. За тоа најзаслужна е неговата сопруга.

Токму затоа, холивудскиот пар одлучил да ја крсти ќерката по дедото, иако биле свесни дека малата цел живот ќе има „проблеми“ поради името.

„Нашата ќерка сега мисли дека нема никаква разлика помеѓу неа и момчињата, дека го може истото што и тие. Се надевам дека така ќе остане и во иднина“, истакнала убавата актерка.