Сцена

„Пукна“ првата расправија: Александра и Филип решаваа проблеми пред сите луѓе

„Пукна“ првата расправија: Александра и Филип решаваа проблеми пред сите луѓе

Иако пред само две недели популарниот пар Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се заколнаа за вечна љубов, сега имаат несогласувања.

Имено, неодамна беа видени пред настапот на пејачката како се расправаат за тоа каде ќе живеат во иднина.

Конфликтот се случи токму поради тоа дали животот ќе го продолжат во Србија или среќата ќе се најде во Америка. Филип инсистира неколку месеци да се промени местото на живеење и да се отселат од Србија во Мајами, каде би го продолжиле животот далеку од семејството дома. Меѓутоа, плановите на Александра се малку поинакви.

„Александар и Филип никогаш досега не имале никакви недоразбирања, сите проблеми ги решаваа во чекор со истиот, и така сакаат да биде и со новите проблеми кои очигледно постојат веќе долго време. Во повеќето од настапите, Филип ја придружува Александра, па така беше и овој пат. Во последниве денови водеа дебата за тоа каде треба да биде стациониран нивниот живот, затоа што Филип има голема желба да се врати во градот, каде што го поминал поголемиот дел од својот живот. Меѓутоа, Александра смета дека ова не е добро за неа, бидејќи таа сака да ја продолжи својата кариера во иста насока како што правела досега. Новиот сопруг смета дека е најдобро за нив да бидат во Америка каде ќе основаат семејство. Од друга страна, Александра сака тоа да биде Србија и дека нејзиното одвојување од блиските многу ќе биде ѝ биде тешко.“, вели извор воводен во целата ситуација.

„Во моментот кога расправијата се разгоре пред нејзиниот настап, беше очигледно дека таа се налути и само на крајот му се обрати: „Те молам да ставиме точка на таа приказна сега и да ја продолжиме утре, бидејќи не е ниту време ниту место за дискутирање.“, а потоа Филип ја бакна и рече дека сè ќе се реши. Тој ѝ се извини за неговиот однос, но таа отиде.“ – открива изворот.

Младите разговарале во истата пригода и одлучија да останат во Србија засега, меѓутоа, Филип сепак, потенцира да размислат повторно за тоа што ја доведе Александта до лудило. Особено што се случи пред настапот, кога тогаш треба да се фокусира на публиката. Филип сака да одат барем најмалку на шест месеци за да видат каков ќе им биде нивниот живот, но ако не им оди да се вратат во Србија. Набргу по кавгата отпатуваа во Монте Карло, а како ќе се одвива ситуацијата останува да се види.