Сцена 09. ноември 2018. / 21:03

Пукано во вилата во која бил Кање Вест

Пукано во вилата во која бил Кање Вест

Американски медиуми пренесуваат дека најмалку осум куршуми се испукани во правец кон вилата во која се наоѓале музичарите Кање Вест и Текаши69.

Како што се наведува, инцидентот се случил во вила на Беверли Хилс, која била изнајмена за снимање музички спот.

Медиумите пренесуваат дека во вилата најверојатно била и пејачката Ники Минаж.

Полицијата потврди дека никој не бил повреден во инцидентот, но констатирано е дека еден куршум пробил прозорец во спалната соба.

Медиумите наведуваат дека Текаши69, една од ѕвездите на новиот бран рап музика, бил цел на напад и во текот на снимање на спот со 50 Сент во август оваа година.