Сцена 29. март 2018. / 13:13

Продолженија на Црниот Пантер?

Продолженија на Црниот Пантер?

Во уште колку филмски остварувања ќе го видиме Марвеловиот херој?

На промоцијата од третиот дел на Кептен Америка пред година ипол, Чедвик Босмен, актерот кој ја толкува улогата на Црниот Пантер за медиумите изјави дека покрај „Цивилна Војна“ со Марвел има договор за уште три филма!

Во јавноста остана прашањето за форматот на флмовите во кои Босмен ќе го толкува епонимниот лик.

Еден од тие проекти е титуларниот филм „Црн Пантер“ кој во кино салите собра 1.2 миљарди долари.

Вториот ќе биде „Одмазници – Војна За Бесконечноста“ кој треба да доживее премиера за нецел месец.

Дали третиот филм во кој Босмен ќе настапи ќе биде продолжение на сагата за Црниот Пантер, или повторно ќе станува збор за споредна улога во некоја Марвелова инсталација останува да видиме допрва.

Засега холивудскиот актер и студиото не откриваат ништо!