Сцена 10. април 2018. / 15:41

Пристигна уште едно бебе: Се породи Клои Кардашијан

Пристигна уште едно бебе: Се породи Клои Кардашијан

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан, сестрата на Ким, на свет донесе девојче. Клои и нејзиниот избраник кошаркарот Тристан Томпсон се пресреќни.

Кога старлетата дознала дека носи девојче, во првиот момент се разочарала.Неа оваа вест тогаш и ја соопшти нејзината полусестра Кајли Џенер која на 1 февруари роди ќерка.

„Навистина се надевам дека Кајли лаже. Сакав момче“, изјави Клои

Клои потоа истакна на Твитер дека се помирила со фактот дека ќе добие ќерка и истакна дека е среќна што нејзината ќерка ќе израсне со ќерките на нејзините сестри Ким и Кајли.

„Толку сум возбудена што мојата ќерка засекогаш ќе ги има за најдобри пријателки Чикаго и Сторми. Господ е голем. Ти благодариме за нашата принцеза“, напиша Клои.