Велика Британија трепери во очекување на виделина да се појави третиот наследник на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Идниот татко исто така нема трпеливост, бидејќи без да сака ја издаде така добро чуваната тајна – полот на своето дете, кое треба да се роди во следниве недели.
Принцот, кој е голем фан на Астон Вила, рече дека сака да го крсти своето трето дете по Џек Грилиш, откако во вторникот виде како фудбалерот истакна пробеднички гол за неговиот тим против Кардиф.
„Ќе настојувам детето да се вика Џек“, по што направи кратка пауза и додаде: „или Џеки“.
Така тој објави дека кралското бебе најверојатно ќе биде момче.
Додека не постои официјална потврда, ние сигурно ќе разбереме, кога детето ќе дојде наскоро на виделина.