Сцена 05. април 2018. / 12:35

Принцезата Меган Маркл сите ја сметаат за добра девојка поранешниот сопруг го тврди спротивното

Принцезата Меган Маркл сите ја сметаат за добра девојка поранешниот сопруг го тврди спротивното

За кралската венчавка која ќе се случи следниот месец речиси и да зборува целиот свет, но јавноста како да е жедна и гладна секојдневно да дознава нови детали од приватниот живот на идната принцеза Меган Маркл.

Откако светот ги виде нејзините топлес фотографии, британските медиуми сега објавуваат и детали од нејзиниот претходен брак.

Како што пишуваат тие, Меган од секогаш сакала да стане славна, а сонот и се остварил во 2011 година кога се омажила за холивудскиот продуцент Тревор Енгелсон.

Па веднаш потоа ја доби и улогата во серијата „Suits“, а две години подоцна му стави крај на бракот испраќајќи му ја бурмата на поранешниот сопруг по пошта.

Медиумите пишуваат и дека таа немала да стане славна доколку не била во брак со продуцентот, а тие додаваат и дека продуцентот знаел дека тие ќе се разведат бидејќи таа во Торонто со себе понела многу лични работи отколку што и останаа во домот во Лос Анџелес.

Начинот на кој го оставила својот сопруг е спротивен од тоа што го изгради во медиумите откако започна да се забавува со Хари, завршуваат британските медиуми цитирајќи го поранешниот нејзин сопруг.