Лепа Брена и Бобо Живојиновиќ им купиле свадбен подарок куќа на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, пренесе српски ,,Курир”.
,,Александра и Филип се млади и успешни во своите професии.Бобо и Брена долго размислувале како да ги израдуваат и што да им подарат. Бидејќи две години живеат во станот на Александра решиле да ги израдуваат со нова куќа”, вели близок извор на семејството Живојиновиќ.
Вели дека веќе разгледувале неколку куќи и дека најмногу им се допаднала една на Бежанија.
,,Куќата е по нивен вкус. Во прашање е нова градба, модерна и добро средена куќа, која се наоѓа во нивното соседство, па ќе бидат блиску. Направена е по светски стандарди и не е воопшто евтина, но тоа за нив не претставува проблем бидејќи ја купуваат со љубов и сакаат да им биде удобна и убава” , вели соговорникот.